Поранешниот претседател на САД беше отстранет од интернет-платформите по нападот на негови приврзаници врз Конгресот
Jутјуб-каналот на Доналд Трамп, кој е суспендиран на 12 јануари, ќе биде дозволен повторно кога ќе биде намален ризикот од насилство, изјави синоќа шефицата на видео сервисот на Гугл, Сузан Војчицки.
Поранешниот американски претседател беше отстранет од интернет-платформите по нападот на негови приврзаници врз Конгресот.
Трамп има доживотна забрана од Твитер, а Фејсбук го укина неговиот профил на неодредено време.