Весникот наведува дека во дипломатски кругови се појавила вест дека Словенија, како домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, се обидува да ја вклучи 2030 година како термин во завршниот документ
ЕУ отфрла поставување јасен рок за интегрирање на Западен Балкан, по пристапувањето на Романија и Бугарија, бидејќи тие две земји престанаа со речиси сите реформи, кога нивниот датум за пристап беше одреден на 1 јануари 2007 година, пишува денеска хрватски „Јутарњи лист“, заклучувајќи дека поради тоа Хрватска „плати“ со долги преговори со ЕУ.
Весникот наведува дека во дипломатски кругови се појавила вест дека Словенија, како домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан, што ќе се одржи утре, се обидува да ја вклучи 2030 година како термин во завршниот документ. Во тој контекст, „Јутарњи лист“ пренесува изјава на министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, дека смета оти е неопходно Босна и Херцеговина да има цврсти гаранции за европската иднина, како и за целиот регион.
„Идејата за поставување јасен рок за пристапување на земјите од регионот во ЕУ може да биде клучен поттик за реформи”, .
изјави во понеделникот Турковиќ.
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Љубљана, каде што учествува на самит на ЕПП изрази загриженост поради информација за која рече дека ја добил „од маргините“ дека на инсистирање на една земја членка на ЕУ да се фиксира прецизен датум за интегрирање на земјите од регионот, две земји членки не прифатиле тоа да биде дел од заклучоците на утрешниот Самит во Брдо кај Крањ.