Полицијата во американските градови и експертите следат екстремистички групи кои би можеле да предизвикаат нереди во изборната ноќ, објави весникот Ју Ес Тудеј.
Според информации на медиумот, се следат екстремистите кои планираат активности во одлучувачките сојузни држави, каде, според службите, постои најголем ризик за активности на вооружените групи.
Лидерот на десничарска група во Џорџија изјави дека има приврзаници кои се подготвени да одат на гласачките места доколку слушнат информација за изборна измама.
„Прво, влегуваме тајно. Не сакаме да преплашиме никого. Ако откриеме измама, имаме подготвени луѓе и ако треба да го запреме гласањето – ќе го сториме тоа“,
вели тој во изјава што ја пренесува Ју Ес Тудеј.

Во меѓувреме, во голем дел од градовите низ целата земја, сопствениците на продавници и други бизниси со дрвени плочи ги заштитуваат излозите, стравувајќи од можни немири во изборната ноќ.
Извештај на невладина група открива дека пет држави се особено изложени на ризик за активност на паравоени групи на денот на изборите: Орегон, Висконсин, Мичиген, Пенсилванија и Џорџија.