Обвинителството сè уште истражува дали целта била да се поткупат обвинители или само да се искористи влијанието на првоосомничениот врз јавен обвинител во случајот „Рекет“. Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за весникот „Независен“ уверува дека се постапува неселективно. Посочува дека бизнисменот опфатен со предметот „Империја“, а кој е сведок во случајот „Рекет“ дал во кеш 1,5 милиони евра на осомничените Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски – Кичеец.
„Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал. Но кога ќе бидат создадени услови, јавноста ќе биде запознаена со начинот на извршување на кривичните дела во овој предмет“,
вели Јовески.
Јовески тврди дека законодавецот предвидел олеснување на положбата на лицето кое пријавува поткуп, со цел да се стимулира пријавувањето на вакви случаи, но тоа не значи дека постапката за бизнисменот во „Империја“ ќе запре. Иако овој предмет е во надлежност на СЈО, но е отворен по спортниот законски рок, Јовески вели дека редовното обвинителство би можело да постапува, ако СЈО се откаже од него.
„За да постапуваме по конкретниот и по други предмети на СЈО, тие треба да донесат одлука дека натаму не се надлежни за овие предмети и службено да ни ги предадат, или пак најсоодветно е во законот што е во постапка на носење да се разреши оваа состојба.
вели Јовески.
Ве уверувам дека доколку предметите се дадат во надлежност на Јавното обвинителство, во сите случаи каде што ќе биде утврдено извршување на кривично дело и за тоа ќе се обезбедат докази, неговите сторители ќе ги гониме“,
„Империја“ е кодното име на последната истрага што ја отвори СЈО. Објавена е на 9 ноември 2018 година. Токму од ноември 2018 година почнува и описот на дејствијата за „трговија со влијание“ во предметот „Рекет“ против Бојан Јовановски и Зоран Милевски. Двајцата се под истрага зашто токму од тој месец и година почнале да бараат пари од осомничено лице, со цел обвинител, да прекине истрага или осомничениот да добие олеснителни околности.
Засега, Обвинителството и го одзеде само мобилниот телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и се чекаат наодите од вештачењето за нејзината поврзаност со осомничените во „Рекет“.
- поврзана вест: Историјата на една империја