Двете обвинителства, како што превидува договорот, ќе одржуваат редовни состаноци на високо ниво, но и технички состаноци на оперативно и административно ниво. Се отвора и можноста со посебни договори да се формираат и заеднички истражни тимови
Републичкиот обвинител Љубомир Јовески и европската главна обвинителка Лаура Кондрута Ковеси денеска во Луксембург потпишаа работен договор чија цел е има полесна соработка помеѓу нашето и европското обвинителство да има поефикасна истрага и гонење на криминалот, особено кога станува збор за злоупотреби на финансиските средства од европските фондови.
Договорот предвидува двете обвинителства да ги разменуваат сите стратешки информации, а со него и обвинителството на Ковеси да воспостави своја контакт точна во земјава.
„Во ова време на глобални финансиски и економски предизвици со кои сите сме соочени, јавните обвинителства и истражните органи воопшто, исто така имаат обврска да вложат максимални напори за да се спречи секоја злоупотреба на буџетски средства. Меѓутоа, финансискиот криминал ги надминува националните граници на државите и само со меѓусебна соработка и заедничка акција можеме навистина да се справиме со злоупотребите“,
изјави Јовески.
Двете обвинителства, како што превидува договорот, ќе одржуваат редовни состаноци на високо ниво, но и технички состаноци на оперативно и административно ниво. Се отвора и можноста со посебни договори да се формираат и заеднички истражни тимови.
На потпишувањето во Луксембург, покрај Јовески присуствуваше и обвинителот Џељал Бајрами и в.д. шефот на нашата мисија во ЕУ, Миле Прангоски.