Голем број членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во центарот на Прилеп и низ улиците ја прославуваа победа на локалните избори.
Нивниот кандидат Борче Јовчевски победи уште во првиот круг со разлика од 6 000 гласа пред кандидатот на СДСМ, Горан Сугаревски.

„Сакам да им се заблагодарам на сите прилепчани кои се одлучија за промени, за нова иднина, не само на градот, туку и на државата. Затоа имам една порака, од утре почнуваме чесно и домаќински да ги реализираме проектите кои ги имаме во нашата програма и ветувам дека од збор до збор ќе го оствариме тоа што е зацртано во следните 4 години“,
изјави Јовчески.
Носителот на листата на советници, Дејан Проданоски, информира дека ВМРО-ДПМНЕ со најмалку 14 освоени советнички места ќе го има и мнозинството во Советот на Прилеп.