„Сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]“, соопштија оттаму
Изборниот ден помина без поголеми нарушувања на изборниот процес, соопштија од Јавното обвинителство на РСМ, по затворањето на избирачките места.

„До ЈО во текот на денешниот ден е доставено само едно известување на подрачјето на Шуто Оризари за фотографирање на гласачко ливче. Итно се дадени насоки за документирање на настанот што претставува прекршок“,
велат од Обвинителството.
Оттаму информираат дека Привремената комисија на ЈО останува активна до целосно завршување на изборниот процес.
„Сите што евентуално имаат сомненија за кривично дело поврзано со изборниот процес тоа можат да го направат во сите јавни обвинителства во државава или на посебната електронска адреса [email protected]“,
пишува во соопштението од ЈО.
По сите пријави за кривични дела поврзани со изборите, јавните обвинителства постапуваат со приоритет.
