Од Обвинителството посочуваат дека првичните индиции за оружениот напад не упатуваат на политички мотиви

Двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија во врска со оружениот инцидент во Куманово во кој од возило во движење било пукано кон едно лице, информираат од Обвинителството.
Како што претходно објавивме, повредениот е З. Ш. (43) од с. Слупчане, општина Липково. Според информациите на Телма, ранетиот е Зекирија Шаини, вработен на скопската Клиника за пулмологија и е носител на советничката листа на ДУИ во општина Липково.
Од Обвинителството посочуваат дека првичните индиции за оружениот напад не упатуваат на политички мотиви.
„Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат“,
се наведува во соопштението на Обвинителството.