Претходно денеска владејачката коалиција ВЛЕН оцени оти Бујар Османи индиректно признал дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта бидејќи јавно одбил да ги негира наводите дека имал средби со експремиерот
Јасно и гласно кажав дека таква средба немало – реагира ексминистерот за надворешни работи и актуелен кандидат на ДУИ за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, на наводите на владејачката ВЛЕН оти признал дека имал средба со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.

„Во недостиг на идеи и очекуван пораз на изборите, манипулациите на ВЛЕН продолжуваат во однос за наводна моја средба со Груевски со цел обезбедување на пратеници за поддршка на уставни измени. Тоа што се служат постојано со лаги и повторување на сите невистини нема да им помогне во кампањата“,
пишува Османи во реакцијата објавена на Фејсбук.
Кандидатот за градоначалник на Чаир ја обвини владејачката коалиција дека единствено што нуди е негативна кампања, а одговорот на ваквите, како што вели, оцрнувања, го најави за 19 октомври – денот на изборите.
Претходно денеска владејачката коалиција ВЛЕН оцени оти Бујар Османи индиректно признал дека имал средби со Никола Груевски во Будимпешта бидејќи јавно одбил да ги негира наводите дека имал средби со експремиерот.