Меѓу другото, забранет е извоз на луксузни автомобили, алкохол, козметика, модни предмети и уметнички дела
Од 5 април Јапонија нема да извезува луксузни стоки во Русија, соопшти Министерството за економија, трговија и индустрија.
Меѓу другото, забранет е извоз на луксузни автомобили, алкохол, козметика, модни предмети, уметнички дела.
Освен тоа, генералниот секретар на јапонската влада, Хироказу Мацуно, изјави дека од јапонските компании ќе се бара да одбијат, доколку Русија им побара, да плаќаат во рубљи за економски трансакции, особено во енергетскиот сектор.
Русија минатата недела побара „непријателските земји“ да го плаќаат рускиот гас во рубљи, а не во евра, откако САД и европските сојузници воведоа санкции за земјата.
На листата на санкции на Токио има 101 лице и 130 правни субјекти од Русија.