Нема точни бројки за бројот на жртви, но се верува дека околу 140 000 од 350 000 жители на Хирошима загинале во експлозијата, а дека најмалку 74 000 луѓе ги загубиле животите во Нагасаки
Пред осум децении, на 6 август 1945 година, врз Хирошима беше фрлена атомска бомба, со невидени разорни ефекти и последици. Три дена подоцна, на 9 август 1945 година во 11 часот и две минути пред пладне, втората бомба го погоди Нагасаки.
Градот Хирошима, во западниот дел на Јапонија, денеска ја одбележува 80-годишнинатата од атомското бомбардирање на Соединетите Американски Држави (САД).
Точно во 8:15 часот наутро по локално време, градот одржа една минута молчење, во времето кога атомската бомба беше фрлела врз јапонскиот град.

Претставници од повеќе од 100 земји се придружија на церемониите по повод годишнината. Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, јапонскиот премиер Шигеру Ишиба и други официјални лица положија цвеќе на споменикот за мртвите.
Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи, предупреди на забрзаниот тренд на воено вооружување и идејата дека нуклеарното оружје е сè уште неопходно за национална одбрана е грубо непочитување на лекциите што меѓународната заедница требаше да ги научи од трагедиите на историјата.
Нема точни бројки за бројот на жртви, но се верува дека околу 140 000 од 350 000 жители на Хирошима загинале во експлозијата, а дека најмалку 74 000 луѓе ги загубиле животите во Нагасаки.
Години потоа, илјадници луѓе починаа од последици од нуклеарното зрачење на бомбите.
Втората светска војна заврши со капитулација на Јапонија на 15 август 1945 година, по фрлањето на бомбите врз Хирошима и Нагасаки.
Атомските бомбардирања што го забрзаа крајот на Втората светска војна се единствениот пат во историјата кога нуклеарно оружје е употребено во војна.