Јапонија одлучи да додаде 36 поединци и 52 организации поврзани со Русија на листата на санкции воведени поради инвазијата на Москва на Украина, во која загинаа најмалку 11 луѓе

Јапонија ги засили санкциите против Русија по последниот бран на ракетни напади врз Украина со проширување на списокот на забранети производи за извоз во Русија и замрзнување на имотот на руските официјални лица и субјекти.
Јапонија одлучи да додаде 36 поединци и 52 организации поврзани со Русија на листата на санкции воведени поради инвазијата на Москва на Украина, во која загинаа најмалку 11 луѓе, а откако Германија и САД ветија дека ќе ѝ достават на Украина тенкови од нивно производство.
„Со оглед на ситуацијата околу Украина и со цел да придонесе во меѓународните напори за обезбедување мир, Јапонија ќе спроведе забрана за извоз во согласност со другите големи земји“,
соопштуваат властите.
Санкциите, вклучително замрзнување на имотот и забрани за извоз на јапонски фирми, се насочени кон политичари, воени офицери, бизнисмени, компании во Русија и региони во источна и јужна Украина.
Како дел од новите санкции, Јапонија, меѓу другото, од 3 февруари ќе забрани испорака на производи на 49 организации во Русија кои би можеле да ги користат за подобрување на руските воени капацитети.
„Тоа ќе бидат производи како водени топови, опрема за истражување на гас и опрема за полупроводници, до вакцини, опрема за рендген, експлозиви и роботи“,
соопштија властите.
Јапонија, исто така, ќе ги замрзне средствата на три субјекти и 22 поединци во Русија, вклучувајќи ја авиокомпанијата „ЈСЦ Иркут“, производителот на ракети земја-воздух „ММЗ Авангард“, заменик-министерот за одбрана Михаил Мизинцев и министерот за правда Константин Чујченко, како и 14 лица поврзани со анексија на делови од југоисточна Украина.