Вооружените одбранбени сили се задолжени да ги направат потребните подготовки кои вклучуваат аранжмани за распоредување војници во јужната префектура Окинава за минимизирање на штетата во случај на пад на балистичка ракета
Јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада ѝ нареди на војската на земјата да се подготви за можно неуспешно лансирање на севернокорејскиот шпионски сателит и да го собори доколку тој евентуално почне да паѓа на јапонска територија.
Хамада им нареди на вооружените одбранбени сили да ги направат потребните подготовки кои вклучуваат аранжмани за распоредување војници во јужната префектура Окинава за минимизирање на штетата во случај на пад на балистичка ракета.
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун неодамна изјави дека првиот воен шпионски сателит ќе биде лансиран согласно планот, притоа не откривајќи кога ќе се случи тоа.