Комисијата за заразни болести од една страна уверува дека е добро да одиме на избори, а од друга страна после првата лидерска средба препорача нова вонредна состојба и побара деновиве да биде воведен карантин, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во емисијата „Детектор“ на Сител.
Тој рече дека ставовите на Комисијата во мислењето испратено до претседателот Пендаровски наликуваат дека се копија на зборовите на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„Еве ќе кажам што Комисијата прати во она мислење до Пендаровски: Прво наведува дека ги гледаме добрите ефекти од силните рестрективни мерки. Јас навистина не знам каде ги гледаат ефекти кога секојдневно имаме или некоја констатнта на бројот на заболени или благо зголемување. Понатаму се вели дека се наоѓаме во последните недели од вообичаено траење на респираторните епидемии и еве ова го прифаќам најверојатно е така и кажуваат дека сме во фаза каде не работат школи и градинки. Во последната реченица се вели дека „тоа значи дека пред нас е период во кој треба да научиме да живееме со вирусот“. Ве потсеќа кога и како ова беше кажано? Ова беше кажано на интервју на Заев вечерта, попладнето, пред Комисијата да го прати мислењето кај Пендаровски. Значи како да е направено „копи пејст“ на она што беше кажано. Но, еве нема да навлегувам дали е тоа така или не, вратете го интервјуто, можеби е случајност, јас не го тврдам тоа, нека цени македонската јавност“, порача Јанушев.
Јанушев посочи и дека ДИК има доставено мислење дека им се потребни минимум 35 до 50-тина дена за да се подготват за избори.
„Мислењето на ДИК не е е мислење на еден човек таму кој што можеби или можеби не инклинира или симпатизира одредена партија. Ова мислење не е мислење направено од еден човек, ова мислење врз основа на сите членови на ДИК кој што го имаа состанокот со претседателот Пендаровски“,
рече Јанушев.
