Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на својот Фејсбук профил објави дека се тестирал на коронавирус откако потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири објави дека е позитивен на ковид-19, со кого пред неколку дена гостуваа во дебатна емисија на ТВ 24.
„Засега сум во добра здравствена состојба и ги чекам резултатите од направеното тестирање. Во очекување на исходот ќе ги преземам сите мерки кои ќе ги препорачаат здравствените власти“,
напиша Јанушев во постот, во кој на Зекири и неговото семејство им посакува побрзо закрепнување.
Јанушев во постот предупредува дека состојбата со заразата е алармантна и апелира да не се потценува состојбата со вирусот, ниту да се релавитизира, и да се пристапи максимално сериозно.