„Употребата на терминот ‘род’ е соодветна. Повторувам дека се однесува на разлика меѓу машкиот и женскиот пол и тоа не може да биде причина за повлекување на стратегија на која се работи повеќе од шест месеци, со 100 учесници во работната група, со странски партнери, со домашни институции, со направени три јавни расправи, со илјадници анкетирани, не може тоа да биде причина за повлекување на стратегијата“, изјави денеска министерката за образование и наука
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска вели дека проблеми или голем број забелешки за Стратегијата за образование 2026 – 2032 нема, освен еден, каде неколку невладини организации реагираат на употребата на терминот „род“ во документот.

Според Јаневска, овој поим во стратегијата е употребен за да се направи разлика помеѓу машкиот и женскиот пол.
Инаку, министерката се осврна на оваа тема, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа дали до крајот на годината стратегијата ќе биде донесена и какви предлози и препораки се пристигнати досега, имајќи предвид дека документот извесно време е поставен на Електронски национален регистар на прописи на Република Северна Македонија (ЕНЕР).
„До овој момент се стигнати многу малку препораки, од кои голем дел дефинтивно ќе бидат вградени и не се суштински, освен еден проблем кој се појавува, каде одредена група или неколку невладини организации реагираат на употребата на зборот ‘род’, кој во стратегијата е децидно употребен да направи разлика меѓу машкиот и женскиот пол, а го има во многу други стратегии, во многу други документи и сметам дека конечно треба да го расчистиме тоа. Имаме катедра за родови студии, имаме науки за родови студии, еднаквост меѓу мажите и жените, односно половите итн“,
изјави министерката за образование која денеска имаше свое обраќање на отворањето на научно-истражувачкиот центар ќе се обрати на отворањето на научно-истражувачкиот центар „Знаење+ СО2-“.
Друг проблем со стратегијата, според Јаневска нема, и како што најави очекува документот да биде на ЕНЕР до крајот на годината, односно до 31 јануари, а на почетокот на јануари следната година, после Божиќ, да биде и донесен.
Одговарајќи на дополнително прашање дали реакциите на дел од невладините можѓе да предизвикаат застој во донесувањето на стратегијата, министерката кажа дека воопшто не може да стане збор за такво нешто, повторувајќи дека употребата на терминот „род“ е соодветна.
„Повторувам дека се однесува на разлика меѓу машкиот и женскиот пол и тоа не може да биде причина за повлекување на стратегија на која се работи повеќе од шест месеци, со 100 учесници во работната група, со странски партнери, со домашни институции, со направени три јавни расправи, со илјадници анкетирани, не може тоа да биде причина за повлекување на стратегијата“,
рече Јаневска.
Во однос на тоа што очекува да се подобри со неа, таа изјави дека она што важно и што прво треба да се напомене е дека овој документ треба да биде континуитет на веќе отпочнатите.
„Очекуваме да се подобри инклузивноста во предучилишните установи, затоа што тука имаме мал дисбаланс со Европската Унија (ЕУ), и треба да го зголемиме опфатот. Треба да ги зголемите капацитетите за едносменска настава, инклузија на децата со посебни образовни потреби во образовниот систем, зајакнување на капацитетите на наставниците. Продолжуваме со промена на наставните програми, соодветно со барањата на модерното време и пазарот на труд. Воведуваме по средното образовние една година специјалистичко во средното стручно, но и проодоност во образованието од средно кон универзитетите и воведуваме кратки стручни студии на факултетите со проодност до завршување на факултет“,
рече министерката.

Говорејќи во таа насока, Јаневска кажа дека очекува и за многу брзо време да бидат донесени Законот за високо образование, Законот за квалитет во високото образование и Законот за научно-истражувачка дејност.
Со нивното донесување, посочи таа, ќе следуваат значајни промени во високото образование, додека во науката, како што додаде, веќе е почнато со поголеми вложувања од претходно.
Круна на научно-истражувачката дејност, нагласи Јаневска, би требало да биде формирањето на првиот научно-технолошки парк во Македонија.
„Јас очекуивам дека овие закони ќе бидат ставени на ЕНЕР на 25 декември, ако не, тогаш јас гарантирам дека до 30 декември сигурно ќе бидат ставени. Ќе стојат на ЕНЕР подолго отколку што е законскиот рок, кој мислам дека е еден, месец, но ние ќе ги оставиме подолго. Ќе организираме јавни расправи на сите јавни универзитети, ќе организираме јавна расправа во Собрание и ќе ги собереме сите забелешки“,
кажа таа.
Повикувајќи се на искуството постапката со законите за основно и средно образование, кога имало околу 3 000 предлози, од кои дел се повторувале или биле различно формулирани, Јаневска рече дека очекува и за овие закони да има конструктивни забелешки.
„Сè што можеме да прифатиме ќе прифатиме. Тоа што нема да можеме, аргументирано ќе го објасниме“,
рече министерката за образование и наука.
