Поминаа четири месеци, а неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје сè уште го нема санирано мостот „Беласица“, обвини на прес-конференција Љубица Јанчева, советничка во Град Скопје од СДСМ. Според неа, ако бргу не се санира овој мост, ризикот е скопјани да останат без навремено снабдување со парно. А сообраќајниот хаос ќе продолжи и понатаму.
„Овој мост, освен што е витален за сообраќајот во овој дел на градот, е клучен за парното снабдување на скопјани, под него минува главната топловодна мрежа. Надлежните институции не можат да ги постават новите цевки само затоа што локалната власт на ДПМНЕ и Арсовска го нема санирано мостот“,
рече Јанчева.
Според Јанчева, овој случај уште еднаш ја покажува неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ во Скопје и нејзината градоначалничка, а Скопје, како што рече, наместо да се унапредува се уназадува.
„И тоа секогаш се случува кога ДПМНЕ ќе добие доверба од граѓаните. Еден мост не можат да санираат, а не да направат нов“,
обвини Јанчева.
