Пресудата за „27 април“, но и повеќето кривични постапки кои се водат против него, како и контактите кои ги има како ексминистер, се дел од аргументите со кои обвинителството побарало Јанакиески повторно да се врати во притвор
Кривичниот совет при Основниот Кривичен суд Скопје попладнево соопшти дека е одбиен како неоснован предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор за Миле Јанакиески решение со кое предлогот се одбива како неоснован.
Апелацискиот суд Скопје со решение КЖ 605/21 минатата недела на 18 ноември на Јанакиески му ја укина мерката куќен притвор, определена за предметот КОК 53/17 во јавноста познат како „ТНТ“ и му определи мерки за претпазливост.
„Обвинителството денеска поднесе предлогот за определување мерка притвор за предметот со КОК 2/20 поврзан со настаните од 27 – ми април, а Кривичниот совет, при одлучувањето, ја имаше во предвид одлуката на второстепниот а воедно смета и дека во новиот предлог не беа понудени доволно аргументи кои ќе го поткрепат определувањето на построги мерки од они кои веќе опстојуваат против обвинетиот. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апеалциониот суд во рок од 3 дена по приемот на решението“,
се вели во соопштението од Кривичниот суд објавено вечерва.