Пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски, кој на сајтот на Собранието беше напишан како независен пратеник, преку соопштение објаснува дека станува збор за техничка грешка.
„Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ. Фактот што на веб-страницата на Собранието сум ставен како независен пратеник претставува техничка грешка, која соодветно ќе биде исправена во најскора прилика“,
вели Јахоски.