Амбасадорот на Малта во Финска даде оставка откако ја спореди германската канцеларка Ангела Меркел со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
Мајкл Замит Табона на својот профил на „Фејсбук“ напиша: „Пред 75 години го запревме Хитлер. Кој ќе ја запре Ангела Меркел? Таа ги исполни соништата на Хитлер! Да има контрола на Европа!“
Постот наскоро по објавувањето беше избришан.

Малтешкиот министер за надворешни работи Еварист Бартоло изјави дека Германија ќе добие извинување. Тој рече дека му дал инструкции на амбасадорот веднаш да го отстрани коментарот.
Замит Табона, кој стана амбасадор на Малта во Финска во 2014 година, досега не се огласи со коментар за случајот. Според извештаите, тој не бил дипломат од кариера, туку бил именуван политички на амбасадорката позиција.