Најавата од средата за отпуштање на околу 300 од неговите 800 новинари дојде како шок, во услови на растечко зближување меѓу сопственикот на весникот и основач на „Амазон“, Џеф Безос, како и американскиот претседател Доналд Трамп
Извршниот директор на „Вашингтон пост“, Вил Луис, соопшти дека се повлекува од позицијата. Одлуката, како што пренесуваат медиумите, следува по големите отпуштања во компанијата која е камен-темелник на американското новинарство.
Во порака до вработените, објавена на социјалните мрежи, Луис наведува дека по две години трансформација на „Вашингтон пост“, дојдено е вистинско време тој да се повлече.
„Под мое водство, беа донесени тешки одлуки за да се обезбеди одржлива иднина на „Пост“, за да може да испорачува висококвалитетни, непартиски вести на милиони клиенти секој ден во текот на многу години што доаѓаат“,
порача Луис.

Весникот објави дека Луис ќе го замени Џеф Д’Онофрио, кој од минатата година е главен финансиски директор на „Вашингтон пост“.
Најавата од средата за отпуштање на околу 300 од неговите 800 новинари дојде како шок, во услови на растечко зближување меѓу сопственикот на весникот и основач на „Амазон“, Џеф Безос, како и американскиот претседател Доналд Трамп.
Голем број странски дописници, вклучувајќи ги сите оние што известуваат од Блискиот Исток, како и оние од Русија и Украина, се отпуштени.
Одделите за спорт, книги, подкасти, локални вести и инфографика исто така беа значително погодени, некои дури беа речиси целосно укинати.
