Полицајците и пожарникарите успеаја да го извлечат паднатото возило во реката Вардар во Скопје, во близина на пешачкиот мост кај болницата „Систина“.

Станува збор за автомобил марка „поло“ кој утрово околу 8 часот бил забележан превртен во Вардар од страна на случаен минувач кој пријавил во полиција.
Засега нема информации како возилото завршило во реката ниту, пак, дали има повредени лица.

