Според индексот на Херитиџ, македонската економија е на 46. место во светот и е во групата на „умерено слободни“. Подолу се рангирани речиси сите други земји од регионот
Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра од земјите во регионот, покажува извештајот на Xеритиџ фондацијата за 2021 година.
Според индексот на американската фондација, македонската економија е на 46. место во светот и е во групата на „умерено слободни“. Зад С Македонија се рангирани речиси сите други земји од регионот.

Словенија е на 48. место, Србија на 54. . Косово е на 58. позиција, Хрватска е на 79. место, додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место.
Северна Македонија е рангирана на 27. место меѓу 45 земји во регионот на Европа.

За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на Владата треба да биде реформа на судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции.
Постигнувањето на друга цел, како промовирање на странски директни инвестиции во извозно ориентирани индустрии, ќе биде поттикнато со посилно спроведување на антикорупциските статути, се вели во извештајот на „Херитиџ“.