Болницата „Насер“ беше главно отсечена од неколкунеделните борби. Вчера илјадници раселени Палестинци кои се засолниле таму почнаа да бегаат откако Израел објави дека им отворил коридор за бегство
Израелските специјалци извршија рација во болницата „Насер“ во градот Кан Јунис во јужниот дел на Газа, соопшти израелската војска, наведувајќи дека има веродостојни информации дека телата на израелските заложници можеби се во објектот, пренесува Ројтерс.

„Ние спроведуваме прецизни операции за спасување, како што правевме во минатото, каде што нашите разузнавачки информации укажуваат дека може да се држат тела на заложници“,
се вели во соопштението на војската.
Министерството за здравство на Газа потврди дека израелските сили ја нападнале главната болница во јужниот дел на територијата. Болницата „Насер“ беше главно отсечена од неколкунеделните борби. Вчера илјадници раселени Палестинци кои се засолниле таму почнаа да бегаат откако Израел објави дека им отворил коридор за бегство.
BREAKING: Israeli troops storm main hospital in southern Gaza Strip after ordering its evacuation https://t.co/93TU9roeOX
— The Associated Press (@AP) February 15, 2024
Во текот на ноќта, израелските сили отворија оган врз главната болница во јужниот дел на Газа, при што загина еден пациент, а шестмина се ранети, изјавија лекарите, додека армијата се обидуваше да евакуира илјадници раселени луѓе од медицинскиот комплекс кој беше главно отсечен од неколкунеделните борби.