Според пишувањата на израелските медиуми, веројатно е дека атентатот на еден од лидерите на Хамас ќе ги одложи и евентуално ќе ги наруши понатамошните преговори со Израел, а со тоа и можноста за ослободување на заложниците и затворениците
Иако Израел не ја презеде одговорноста за операцијата во која беше убиен заменик-лидерот на Хамас, Салех ал Арури, сепак, познавачите на состојбите во овој дел од светот, сметаат тој долго време бил на врвот на израелската листа за отстрел, пишува Би-би-си.
Како што пишува дописникот на Би-би-си од Ерусалим, многу израелски медиуми го прославуваат убиството на овој висок функционер на Хамас.

„Јерусалем пост“ ова убиство го опиша како настан што ја менува играта, но и дека може да значи крај на ерата на Хамас.
Сепак, израелските одбранбени аналитичари предупредуваат на изјавата на шефот на моќната либанска вооружена група Хезболах, Хасан Насрала, кој рекол дека атентат на која било цел во Бејрут го смета за преминување на црвената линија.
„Од почетокот на војната, Хезболах го плаќа својот долг на Палестинците со секојдневни напади врз Израел. Но, разумно беше да се ограничат на појас во близина на границата“,
пишува израелски „Хаарец“.
Ал Арури се сметал за клучен фактор за индиректните преговори со Израел со посредство на Катар и Египет, со цел да се ослободат израелските заложници кои ги држи Хамас во Газа.
„Од сите можни дејствија за одмазда од Хамас, онаа што се однесува на заложниците е најзагрижувачка“,
пишува израелскиот дневен весник „Једиот ахронот“.
Според пишувањата на израелските медиуми, веројатно е дека атентатот на еден од лидерите на Хамас ќе ги одложи и евентуално ќе ги наруши понатамошните преговори со Израел, а со тоа и можноста за ослободување на заложниците и затворениците.