Полицијата соопшти дека навивачите го напуштиле стадионот без инциденти, но во текот на ноќта избиле различни судири во центарот на градот
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди да се испратат два спасувачки авиона во Амстердам, каде што синоќа беа нападнати израелски фудбалски навивачи.
Холандската полиција соопшти дека имало пријави за неколку тепачки во центарот на градот по синоќешниот фудбалски натпревар меѓу Ајакс и израелскиот клуб Макаби Тел Авив.
Во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху се вели дека Министерството за национална безбедност на Израел ги повикало Израелците во Амстердам да останат во хотелските соби по насилните инциденти.
„Навивачите, кои отидоа да го гледаат натпреварот, се соочија со антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост, едноставно затоа што се Евреи и Израелци“,
вели израелскиот министер за национална безбедност Бен Гвир.
Холандската полиција соопшти дека 57 лица биле приведени по натпреварот, откако пропалестинските демонстранти се обиделе да се приближат до стадионот „Јохан Кројф“, иако немале дозвола да протестираат таму.
Israel’s Maccabi Tel Aviv hooligans, protected by police, chanted anti-Arab slurs and a genocidal song in Amsterdam, including lines like “no schools in Gaza because there are no children left” & “Let the IDF win to fuck the Arabs”.
— Clash Report (@clashreport) November 8, 2024
They also attacked Palestinian flags.
This… pic.twitter.com/MIposXA2vx
Полицијата соопшти дека навивачите го напуштиле стадионот без инциденти, но во текот на ноќта избиле различни судири во центарот на градот.
Израелската армија соопшти дека се подготвува веднаш да започне спасувачки тим во координација со холандската влада по фудбалскиот натпревар, во кој Ајакс го победи израелскиот клуб Макаби Тел Авив со 5-0.
Холандскиот премиер Дик Схоф на Икс напиша дека ги следел извештаите за настаните во Амстердам за кои вели дека се неприфатливи.
„Целосно неприфатливи антисемитски напади врз Израелците. Во близок контакт сум со сите вклучени. Имав телефонски разговор со Нетанјаху и нагласив дека сторителите ќе бидат пронајдени и кривично гонети. Ситуацијата во Амстердам сега повторно е мирна“,
пишува Схоф.
Have been following the news from Amsterdam and am horrified by the antisemitic attacks on Israeli citizens. This is completely unacceptable. I am in close contact with all parties involved and have just spoken to @IsraeliPM Netanyahu by phone to stress that the perpetrators will…
— Dick Schoof (@MinPres) November 8, 2024
Амбасадорот на Израел во Обединетите нации, Дени Данон, исто така, го осуди насилството во објава на платформата на социјалната мрежа Икс.
Израелскиот претседател Исак Херцог ги нарече нападите „знак за предупредување за секоја земја што сака да ги поддржува вредностите на слободата“.
„Ја давам мојата целосна поддршка за соработката што сега се одвива меѓу владите и верувам дека властите во Холандија ќе дејствуваат веднаш и ќе ги преземат сите неопходни мерки за заштита, лоцирање и спасување на сите Израелци и Евреи кои се нападнати, како и за искоренување на насилството против еврејските и израелските граѓани со сите потребни средства“,
пишува Херцог.
We see with horror this morning, the shocking images and videos that since October 7th, we had hoped never to see again: an antisemitic pogrom currently taking place against Maccabi Tel Aviv fans and Israeli citizens in the heart of Amsterdam, Netherlands.
— יצחק הרצוג Isaac Herzog (@Isaac_Herzog) November 8, 2024
This is a serious…
Израелскиот министер за надворешни работи побарал од холандската влада да им помогне на израелските граѓани безбедно да стигнат до аеродромот.