Тој го спореди Хамас со ИСИС и рече дека нивните напади се пример за тоа „што сакаат да му направат на Израел, на сите Евреи“
Израел ќе го избрише Хамас од лицето на Земјата откако деца се живи запалени и им се отсечени главите, изјави израелскиот министер за економија Нир Баркат за „Скај њуз“. Тој рече дека воената операција ќе продолжи сè додека не се појави „јасно бело знаме“ и „поумерена“ замена за милитантната група која владее со Појасот Газа.
„Штотуку слушнавме за 40 млади момчиња, некои од нив беа живи запалени, некои беа обезглавени, некои беа застрелани во глава“,
рече министерот, мислејќи на масакрот во кибуцот Кфар Азa.

„Целата земја е обединета да го извадиме Хамас од овој свет, да ги елиминираме сите милитанти, целата инфраструктура, луѓето кои го поддржуваат Хамас… Ќе ги избришеме“,
додаде тој.
Баркат им порача на цивилите да се тргнат настрана за да не настрадаат невини луѓе.
„Доаѓаме да ги убиеме милитантите, а сите цивили треба да се тргнат настрана. Ако не се тргнете настрана и обезбедите покритие за милитантите на Хамас, вие го ризикувате својот живот. Не сакаме да повредуваме невини луѓе“,
рече министерот.
Тој го спореди Хамас со ИСИС и рече дека нивните напади се пример за тоа „што сакаат да му направат на Израел, на сите Евреи“.
„Израел ќе го елиминира ИСИС од лицето на земјата. Ова е наш 11 септември, ова никогаш повеќе нема да го дозволиме“,
заклучи Баркат.