„Нападот беше извршен како одговор на повторените напади извршени од терористичкиот режим на хутите врз Израел, во кои беа лансирани ракети земја-земја и беспилотни летала на територијата на земјата“, велат од ИДФ

Израелската војска соопшти дека денес извршила воздушни напади врз јеменското пристаниште Худајда, еден ден откако хутите испалиле ракета што погодила област во близина на главниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив.
Војската во соопштението вели дека нападнала терористички цели на хутите во и околу Худајда.
„Нападот беше извршен како одговор на повторените напади извршени од терористичкиот режим на хутите врз Израел, во кои беа лансирани ракети земја-земја и беспилотни летала на територијата на земјата“,
се вели во соопштението од Израелските одбранбени сили (ИДФ).
‼️ BREAKING: ISRAEL LAUNCHES AIRSTRIKE ON YEMEN
— NEXTA (@nexta_tv) May 5, 2025
Israeli officials confirm that the country’s Air Force is carrying out strikes on the port city of Hodeidah.
The strikes are in response to a ballistic missile attack by Houthi forces, which hit an area near Ben Gurion Airport… pic.twitter.com/o7HwBbG7rq
Во нападите, како што информира Министерството за здравство на хутите, повредени биле 21 лице, пишува Ројтерс.
Нападнатите инфраструктурни локации на терористите во пристаништето Худајда, додаваат од ИДФ, служеле како централен извор на снабдување за хутите и се користеле за трансфер на иранско оружје.
Оттаму додаваат дека нападната била и фабриката за бетон „Баџил“, источно од градот Ал-Худајда, која функционирала како значаен економски ресурс и се користела за изградба на подземни тунели и терористичка инфраструктура за хутите.
„Нападот врз инфраструктурните локации на терористите беше извршен прецизно, со преземени мерки за ублажување на штетата врз бродовите закотвени во пристаништето“,
додаваат од ИДФ.
⭕️IAF fighter jets struck Houthi terror targets, along Yemen's coastline.
— Israel Defense Forces (@IDF) May 5, 2025
The strike was conducted in response to the repeated attacks by the Houthis against Israel, during which surface-to-surface missiles and UAVs were launched toward Israeli civilians.
The terrorist… pic.twitter.com/RSihcuin0Q
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети одмазда за ракетниот напад во неделата, прв што ја избегна израелската воздушна одбрана во серија напади од март.
Хутите, кои го контролираат Јемен, ги напаѓаат Израел и бродовите во Црвеното Море уште од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа, во знак на солидарност со Палестинците.
Јеменската бунтовничка група хути синоќа соопшти дека ќе работи на сеопфатна воздушна блокада на „израелскиот непријател“ со повеќекратно гаѓање на аеродромите, пред сè аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, јави Саба.
Хутите наведоа дека Јемен нема да прифати напади на арапски земји како што се Либан и Сирија.