Израелската влада предупреди дека мандатот на новиот лидер на Хезболах, Наим Касем, би можел да биде најкраткиот во историјата на оваа терористичка организација доколку ги следи стапките на своите претходници
Неколку часа откако беше објавено дека ќе го замени поранешниот лидер на Хезболах, Хасан Насрала, кој беше убиен во израелски воздушен напад кон крајот на септември, Израел му се закани на новиот лидер на либанската екстремистичка група Хезболах, Наим Касем.

„Привремено назначување. Не за долго. Одбројувањето започна“,
напиша израелскиот министер за одбрана Јоав Галант под фотографијата од новиот лидер на Хамас, која ја објави на Икс.
Temporary appointment.
— יואב גלנט – Yoav Gallant (@yoavgallant) October 29, 2024
Not for long. pic.twitter.com/ONu0GveApi
Наследникот на убиениот лидер на Хезболах, 71-годишниот Наим Касем, беше назначен за заменик-лидер на Хезболах во 1991 година. На оваа позиција, како заменик на поранешниот лидер Хасан Насрала остана 32 години, сè до неговото убиство на крајот на септември годинава.
Израел предупреди дека мандатот на новиот лидер на Хезболах би можел да биде најкраткиот во историјата на оваа терористичка организација доколку ги следи стапките на своите претходници Насралах и Сафиедин.
„Нема друго решение во Либан освен отстранување на оваа организација како воена сила“.
порача израелската влада во објава на социјалната мрежа Икс.
Новиот лидер на Хезболах, Наим Касем, е под санкции на САД, кои ја сметаат организацијата за терористичка.
