Претходно, Стармер објави дека Велика Британија ќе ја признае палестинската држава во септември доколку Израел не исполни одредени услови – вклучително и преземање „суштински чекори за ставање крај на ужасната ситуација во Газа“, постигнување прекин на огнот и посветеност на долгорочен мировен процес

фото: EPA-EFE/ABIR SULTAN
Министерството за надворешни работи на Израел ја отфрла изјавата на премиерот на Велика Британија, Кир Стармер, кој најави признавање на Палестина во септември, доколку нема согласност за прекин на огнот.
„Промената во ставот на британската влада во овој момент, по францускиот потег и внатрешните политички притисоци, претставува награда за Хамас и им штети на напорите за постигнување прекин на огнот во Газа и рамка за ослободување на заложниците“,
се вели во реакцијата.
Претходно, Стармер објави дека Велика Британија ќе ја признае палестинската држава во септември доколку Израел не исполни одредени услови – вклучително и преземање „суштински чекори за ставање крај на ужасната ситуација во Газа“, постигнување прекин на огнот и посветеност на долгорочен мировен процес.
Околу 140 земји досега формално ја признале палестинската држава, а минатата недела и Франција најави дека ќе го направи тоа, на седница на Генералното собрание на ОН во септември во Њујорк.