Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, изјави дека вакцините против ковид-19 не делуваат толку добро против новиот делта сој
Според Бенет вакцините се ефикасни против вирусот, но тоа не е доволно зашто делта сојот се шири низ целиот свет.

„Не се знае точно до која мерка вакцините помагаат, но се значително помалку ефикасни против новиот сој“,
изјави израелскиот премиер.
Во Израел досега се вакцинирани повеќе од 5 милиони жители што претставува 58 отсто од населението. Од вчера стапи на сила наредбата за 24 часовна изолација за сите што влегуваат во Израел, вклучувајќи ги и вакцинираните патници.