Хамас, пак, објави имиња на тројца израелски заложници кои утре ќе бидат ослободени во рамки на примирјето со Израел

Израел утре во текот на денот ќе ослободи 90 палестински затвореници, како дел од договорот за прекин на огнот со Хамас.
Од затворениците кои ќе бидат ослободени, деветмина се осудени на доживотен затвор, додека 81 отслужуваат долгорочни казни, пренесе Ал Џeзира.
Хамас, пак, објави имиња на тројца израелски заложници кои утре ќе бидат ослободени во рамки на примирјето со Израел.
Портпаролот на Хамас, Абу Обеида, на Телеграм соопшти дека ослободени ќе бидат Офер Калдерон, Кит Сигел и Јарден Бибас.
Израелските власти потврдија дека го примиле списокот со имиња на тројцата заложници, нагласувајќи дека станува збор за мажи, објави „Тајмс оф Израел“.
