Во почетната шестнеделна фаза од договорот, 33 израелски заложници треба да бидат ослободени во замена за 1 904 палестински затвореници од израелските затвори
Во замена за утрешното враќање на тројца заложници цивили, Израел ќе ослободи 110 палестински затвореници, од кои 33 се на доживотна затворска казна за смртоносни напади, пренесе „Тајмс оф Израел“.
Палестинската екстремистичка група Хамас претходно ги соопшти имињата на следните тројца заложници што утре ќе бидат ослободени од Појасот Газа како дел од договорот за прекин на огнот кој ги прекина борбите на 19 јануари по повеќе од 15 месеци војна.
Во почетната шестнеделна фаза од договорот, 33 израелски заложници треба да бидат ослободени во замена за 1 904 палестински затвореници од израелските затвори.
Седум заложнички веќе се ослободени според договорот. Уште три ќе бидат ослободени в сабота.
