Кабинетот на Нетанјаху ги повика посредниците да инсистираат Хамас да ги почитува преземените обврски за примирјето
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти дека во Газа се убиени пет високи членови на Хамас.

„Хамас денеска повторно го прекрши примирјето со испраќање терористи на палестинска територија, што е под контрола на Израел, за да нападнат војници. Како одговор на тоа, Израел елиминира пет високи терористи на Хамас“,
се наведува во соопштението.
Кабинетот на Нетанјаху ги повика посредниците да инсистираат Хамас да ги почитува преземените обврски за примирјето.
Претходно, палестинската Цивилна заштита соопшти дека во израелски напад врз градот Газа загинале три лица, а неколкумина се повредени.
Подоцна, Цивилната заштита, организација со која управува Хамас, соопшти дека во денешните израелски напади во Појасот Газа загинале вкупно 24 луѓе, а 54 се повредени.
Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, кој е во сила од 10 октомври.
