Од либанското Министерство за здравство соопштија дека во изминатите 24 часа загинале 37 лица, а 151 се повредени
Израелската армија во текот на ноќта изврши 11 напади врз јужното предградие Дахија во главниот град на Либан, Бејрут, област што се смета за бастион на Хезболах, пренесува Би-би-си.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, нападите траеле цела вечер, сѐ до разденувањето. Ова се смета за еден од посилните напади од 23 септември, откако Израел ги интензивира нападите врз Либан.
Од либанското Министерство за здравство соопштија дека во изминатите 24 часа загинале 37 лица, а 151 се повредени.
Мета на нападите во предградието Дахија е Хашем Сафиедин, наводен наследник на убиениот лидер на Хезболах, Хасан Насрала.
⚠️ BREAKING: The Israeli Air Force is using bunker-buster bombs once again in Beirut, Lebanon.
— Vivid.🇮🇱 (@VividProwess) October 3, 2024
Last time they were used, Nasrallah was eliminated.
Let’s see who we get this time.
pic.twitter.com/Ro9C1MNk0v
Според „Њујорк тајмс“, нападнат е и подземен бункер, каде што се смета дека се одржува состанок на Сафиедин заедно со други високи претставници на либанската милитантна група.
Либанската армија соопшти дека двајца нејзини војници биле убиени на југот на земјата додека израелските сили ја продолжиле офанзивата против Хезболах и наредиле евакуација на уште 20 градови и села.
Црвениот крст соопшти дека четворица негови доброволци се полесно повредени, иако нивното движење било координирано со мировните сили на ОН.