Засега, на црвената листа на Израел се наоѓаат Мексико, Бразил, Бугарија и Турција и на туристи од овие земји не им дозволен влез во земјата
Израел повторно од 19 септември ќе дозволи влез на странски туристички групи кои доаѓаат од земјите што се на зелена, жолта и портокалова листа според ризиците од ковид-19.
Групите ќе може да бројат од пет до 30 лица кои се целосно вакцинирани против ковид-19. Засега, на индивидуални туристи нема да им биде дозволен влез, освен ако влегуваат во земјата на посета кај роднина.
Според податоците на Министерството за туризам на Израел, од од мај до август во земјата влегле околу 2 000 туристи претежно од САД и Европа. Меѓу тие туристи не е пријавен случај на ковид-19.
Туристите кои ја примиле втората доза на вакцината во изминатите шест месеци или имаат доказ за примена трета доза сега ќе можат да влезат во Израел. Покрај ова, туристите ќе треба да приложат и негативен ПЦР-тест, направен до 72 часа пред пристигнувањето, и ќе подлежат на серолошки тест откако ќе слетаат на аеродромот во Тел Авив.
Засега, на црвената листа на Израел се наоѓаат Мексико, Бразил, Бугарија и Турција и на туристи од овие земји не им дозволен влез во земјата.
Израел е една од првите земји во светот што вакцинираше мнозинство од околу девет милиони луѓе, а во последните недели започна вакцинацијата со трета доза со цел зајакнување на имунолошкиот одговор против ковид-19. Повеќе од 2,5 милиони Израелци ја примија третата доза од „Фајзер“.