Преминот „Зиким“ се наоѓа на северот на палестинската територија, во близина на зоните каде што хуманитарната ситуација е особено критична поради воените операции што се спроведуваа таму, вклучително и големата израелска офанзива врз градот Газа во септември
Израелските власти денеска соопштија дека трајно го отвораат преминот „Зиким“, на северот на Појасот Газа, за да овозможат влез на меѓународна помош во палестинската територија, уништена по две години војна.

„Преминот ‘Зиким’ е отворен за влез на камиони со хуманитарна помош што ќе ги превезуваат ОН и меѓународните организации по детални безбедносни инспекции“,
напиша Когат, тело на израелското Министерство за одбрана кое ги надгледува цивилните активности на палестинските територии, на мрежата Икс.
Портпаролот на Когат изјави дека преминот Зиким отсега ќе биде постојано отворен, исто како и преминот „Керем Шалом“ на југот на територијата, преку кој се испраќаше најголемиот дел од помошта за Газа од почетокот на војната во октомври 2023 година.
Преминот „Зиким“ се наоѓа на северот на палестинската територија, во близина на зоните каде што хуманитарната ситуација е особено критична поради воените операции што се спроведуваа таму, вклучително и големата израелска офанзива врз градот Газа во септември.
Претходно преминот беше отворан повремено за да се пропушти помош, меѓу другото, од Светската програма за храна (WFP). Откако беше затворен на 12 септември, ОН соопштија дека не можат да достават помош до северна Газа.
