Со дополнителните 25 авиони, бројот на Ф-35 во израелските воздухопловни сили ќе се зголеми на 75, соопшти израелското Министерство за одбрана додавајќи дека зделката ќе се финансира преку пакетот одбранбена помош што Израел го добива од САД

Израел го одобри купувањето на третата ескадрила борбени авиони Ф-35 од американскиот производител „Локид Мартин“, како дел од договор вреден три милијарди долари, информира израелското Министерство за одбрана, а пренесува Ројтерс.
Со дополнителните 25 авиони, бројот на Ф-35 во израелските воздухопловни сили ќе се зголеми на 75, соопшти Министерството додавајќи дека зделката ќе се финансира преку пакетот одбранбена помош што Израел го добива од САД.
Израел беше првата земја надвор од САД што купи Ф-35. Во мај 2018 година шефот на воздухопловните сили рече дека Израел е првата земја што овој борбен авион го користела во борба.
Компанијата „Локид Мартин“ и производителот на мотори „Прат и Витни“ се согласија да ги вклучат израелските одбранбени компании во производството на компоненти за авионот, додаде израелското Министерство.