Ние ја контролираме нашата безбедност и исто така јасно ставивме до знаење во врска со меѓународните сили дека Израел ќе одреди кои војници се прифатливи за нас, изјави Нетанјаху
Израел ќе одреди на кои странски војници ќе им дозволи да бидат дел од планираните меѓународни сили во Газа, за да помогнат во завршувањето на војната според планот на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на состанок со владиниот кабинет.
Нетанјаху посочи и дека ваквиот израелски став бил прифатлив и за САД.
„Ние ја контролираме нашата безбедност и исто така јасно ставивме до знаење во врска со меѓународните сили дека Израел ќе одреди кои војници се прифатливи за нас,“
рече Нетанјаху.

Администрацијата на Трамп ја исклучи можноста за испраќање американски војници во Газа. Според најавите, се очекува меѓународните сили во Газа да бидат од Египет, Индонезија и земјите од Персискиот Залив.
