Речиси 1,6 милиони Израелци ја добиле и третата доза
Израелската влада објави дека во изминатите 24 часа се регистрирани 9 831 нови случаи на заразени со коронавирус, што е најголем број од средината на јануари, кога беа заразени 10 000 луѓе.
Од 9,3 милиони жители на Израел, повеќе од 5,5 милиони примиле две дози од вакцината. Речиси 1,6 милиони Израелци ја добиле и третата доза, пренесува АП.