Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран
Израелската армија вечерва изврши уште еден бран напади врз Иран, јавува Би-би-си.
Израелските воздушни сили кажаа дека попладнево се гаѓаат ракетни лансери и инфраструктура за лансирање дронови во Иран, при што се слушнале експлозии во Техеран и околните области и кај нуклеарниот локалитет Фордов, каде што се врши збогатување ураниум 100 метри под земја.

Нападната е и нуклеарната постотројка Исфахан.
Иранската државна телевиизја објави дека системот за противвоздушна одбрана во Техеран пресретнал непријателски ракети и дека две експлозии се случиле во близина на нуклеарната постројка Фордоз, јужно од Техеран.
Градот Караџ, кој се наоѓа во близина на главниот град, исто така бил цел на напади.
Иранските државни медиуми објавија дека во првите напади врз станбените области на Техеран загинале 78 луѓе, а 329 се ранети. Загинале и најмалку 20 воени заповедници и шестмина нуклеарни научници.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран.
„Предупредување? Немаше предупредување. Но, знаевме што се случува“,
рече тој.
Израелската операција врз Иран ја оцени како „многу успешен напад“.
„И кажав на другата страна (Иран) дека имаат 60 дена да се постигне договор. Денеска всушност е 61 ден. Сепак, сè уште има можност да се постигне договор, додека нешто им има останато“,
кажа Трамп.
За влијанието врз финансиските пазари, Трамп рече дека Иран повеќе нема да има нуклеарно оружје што беше голема закана за човештвото.
Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време. Иако израелските власти соопштија дека целта на нападите биле нуклеарни и воени објекти, медиумите во Иран јавуваат дека се погодени и станбени области во главниот град Техеран, а оти меѓу убиените има и цивили, вклучително и деца.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нападите кон Иран се обид да се елиминираат нуклеарните и ракетните капацитети на Техеран.