Според МДА, 74 лица се евакуирани, од кои 68 биле со лесни повреди

Израелската национална служба за вонредни ситуации Маген Давид Адом (МДА) објави дека во ирански ракетни напади врз четири локации во Израел се убиени три лица.
Според МДА, 74 лица се евакуирани, од кои 68 биле со лесни повреди. Спасувачките операции, додаваат оттаму, сè уште се во тек на две локации.
MDA teams on scene at a number of sites of rocket strikes in central Israel. Areas being searched for casualties.
— Magen David Adom (@Mdais) June 16, 2025
Image credit: MDA Spokesperson pic.twitter.com/yC4wINBwnX
Иранската револуционерна гарда соопшти дека во последниот напад врз Израел е употребен нов метод што предизвикал повеќеслојните одбранбени системи на Израел да се насочат едни кон други, пишува „Гардијан“ повикувајќи се на објава на Ројтерс.
„Иницијативите и можностите што се користеа во оваа операција, и покрај сеопфатната поддршка од Соединетите Американски Држави и западните сили и поседувањето на најсовремена и најнова одбранбена технологија, доведоа до успешно и максимално погодување на ракетите врз целите на окупираните територии“,
се вели во соопштението.
Во соопштението на социјалната мрежа Икс, Израелските одбранбени сили велат дека нивните воздухопловни сили го нападнале седиштето на силите Кудс во Техеран.
„Врз основа на прецизни разузнавачки информации, израелските воздухопловни сили го нападнале командниот центар на Кудс силите на Револуционерната гарда и иранската армија. Од овој центар оперативците планирале напади врз Израел преку иранските сојузници во регионот“,
соопшти ИДФ на Икс.
חיל האוויר תקף מפקדות של כוח קדס בטהראן
— צבא ההגנה לישראל (@idfonline) June 16, 2025
מטוסי קרב של חיל האוויר תקפו מפקדות של כוח קדס במשמרות המהפכה וצבא איראן, בהכוונה מודיעינית ומדויקת של אגף המודיעין.
במפקדות אלה תכננו פעילי קדס פעולות טרור נגד ישראל באמצעות שלוחותיו של המשטר האיראני במזרח התיכון pic.twitter.com/pR03DBbzMK
Силите Кудс се елитна единица во рамките на Иранската револуционерна гарда, одговорна за операции надвор од Иран. Тие дејствуваат преку мрежа на сојузници и сојузнички групи, вклучувајќи ги Хезболах во Либан, шиитските милиции во Ирак и хутите во Јемен. Се смета за клучна алатка на иранското влијание во регионот и често се поврзува со напади врз израелски цели и американски интереси. Западните земји, вклучувајќи ги САД и ЕУ, го означиле Кудс како терористичка организација со години поради неговата улога во вооружените активности низ Блискиот Исток.
Синоќа Израелските воздухопловни сили објавија дека ја завршиле серијата напади од големи размери насочени кон погони за производство на оружје во Иран, пренесоа светските медиуми.
Во израелските напади на седиштето на иранското разузнавање во Техеран, извршени претходно вчера, убиени се шефот на разузнавачката служба на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) бригадниот генерал Мохамaд Каземи и неговиот заменик, генералот Хасан Мохакек.