Очекувањата се дека Израел ќе понуди ослободување на околу 1 200 затвореници, меѓу кои и затвореници уапсени по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година
Голем број медиуми од Блискиот Исток денеска објавија оти Израел и Хамас се блиску до остварување договор за размена на заложници и затвореници, откако ги надминале најспорните точки во преговорите за прекин на огнот. Според неофицијалните информации, Израел ќе понуди ослободување на 1 100 затвореници кои беа уапсени по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, како и 125 заложници кои отслужуваат доживотна казна затвор.
Инаку, вчера министрите за надворешни работи на 28 земји преку заедничка изјава побараа итно завршување на војната во Газа, истовремено упатувајќи критики до Израел за начинот на постапување при распределбата на хуманитарната помош наменета за населението во Појасот, пренесоа светските медиуми.
Зад декларацијата застанаа, односно ја потпишаа министрите за надворешни работи на Австралија, Австрија, Белгија, Канада, Данска, Естонија, Финска, Франција, Ирска, Исланд, Италија, Јапонија, Латвија, Литванија, Луксембург, Нов Зеланд, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шведска, Швајцарија, Словенија, Шпанија и Велика Британија.