Израел ќе ги преиспита односите со Турција, по говорот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во кој ги обвини за воени злосторства. Израелскиот министер за надворшени работи Ели Коен најави дека ги повлекуваат дипломатите од Турција.
„Со оглед на тешките изјави кои доаѓаат од Турција, наредив отповикување на дипломатските претставници за да се преиспитаат односите меѓу Израел и Турција“,
напиша Коен на социјалната мрежа Икс.
Given the grave statements coming from Turkey, I have ordered the return of diplomatic representatives there in order to conduct a reevaluation of the relations between Israel and Turkey.
— אלי כהן | Eli Cohen (@elicoh1) October 28, 2023
Во обраќање на масовен собир за поддршка на Палестинците во Истанбул, Ердоган денеска го обвини Западот дека е главниот виновник за масакрот во Газа, а Израел го обвини за воени злосторства.
„Израел прави воени злосотрства веќе 22 дена. Израел пред целиот свет ќе те прогласиме за воен злосторник и ги правиме подготовките за тоа. Вие сте окупаторите, освојувачите. Секако дека секоја земја има право да се брани, но каде е правдата? Тоа што се случува во Газа не е самоодбрана, туку колење. Западот ја има најголемата одговорност за масакрот во Газа. Израел не би можел да направи чекор без нив“,
рече Ердоган.
На прес конференција во Тел Авив, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху без да го спомене Ердоган возврати дека секој кој го обвинува Израел за воени злосторства е лажго и лицемер.
„Секој што ќе се осуди да ги обвини нашите трупи за воени злосторства е лицемерен и лажго. ИДФ е најморална војска во светот. Прави се што може за да не ги повреди тие кои не се вмешани. Нашиот непријател нема граници, спроведува воени злосторства, ги користи жителите на Газа како ‘жив штит’”,
порача Нетанјаху.