Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштија дека сообраќајот е целосно нормализиран
Камион што се излизгал на магистралниот пат Струмица – Ново Село – граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото Ново Село, предизвика прекин на сообраќајот во траење од речиси еден час, од 14:10 до 15:00 часот. Според информациите од СВР Струмица, во несреќата нема повредени лица ниту загинати, а причинета е само материјална штета.
Од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштија дека сообраќајот на магистралниот пат А4, кој беше во прекин поради сообраќајната незгода, е целосно нормализиран.
„Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на движење на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез или излез од државата“,
велат од АМСМ.
