На ниво на Град Скопје, најголема излезеност има во Сарај со 48,01 отсто, Чаир со 45,66 проценти, Карпош со 42,86 отсто, Центар со 42,48 проценти и Бутел со 42,29 проценти
Излезеноста на гласачите на локалните избори до 17 часот на ниво на државата е 39,87 проценти, информира Државната изборна комисија (ДИК).

Процентот е изведен од обработени 3 445 избирачки места, што е 99,17 отсто од нивниот вкупен број. Од вкупно 1 832 415 запишани избирачи на овие избирачки места, своето право на глас до 17 часот го оствариле 727 106 граѓани.
На ниво на државата, најголема излезеност има во Новаци (65,75 отсто), следува Општина Чашка со 65,05 проценти, Вевчани (61,84 отсто), Крушево со 60,94, Лозово, 61,09, Дојран со 60,91 проценти
Најмала излезеност има во Центар Жупа со 19,15 проценти, Врапчиште со 20,94 отсто, Маврово-Ростуше со 25,89 проценти, Гостивар 28,02 проценти, Шуто Оризари со 30,38 проценти.
На ниво на Град Скопје, најголема излезеност има во Сарај со 48,01 отсто, Чаир со 45,66 проценти, Карпош со 42,86 отсто, Центар со 42,48 проценти и Бутел со 42,29 проценти.
На прес-конференцијата на Државната изборна комисија за пресекот до 17 часот, портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, информира дека споредено со локалните избори во 2021 година, излезеноста до 17 часот изнесувала 41,38 проценти.