Приватен автобус за јавен превоз се запали утринава на автобуското стојалиште под Железничката станица во Скопје.
Автобусот го гасат дестина пожарникари со две возила.
Командирот на противпожарната бригада Борче Менковски за МИА изјави дека автобусот се запалил додека бил паркиран на стојалиштето и во него немало патници.
Според првичните сознанија, причината за пожарот најверојатно е проблем со електриката на автобусот.
