Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенирале со сите расположливи средства, а помош имале и од доброволното противпожарно друштво

Пожарот што избувна попладнево пред 14 часот во куќа на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани е изгаснат, јавува МИА.
Според информациите од Итната медицинска помош, хоспитализирани се три лица кои настрадале од вдишување чад, но ниту еден од нив не е во животна опасност.
Во борбата со огнот кочанските пожарникари интервенирале со сите расположливи средства, а помош имале и од доброволното противпожарно друштво.
Истрагата за утврдување на околностите под кои избувнал пожарот сè уште не е започната.