Пожарот кој вечерва избувна под скопско Кале за кратко време беше локализиран и изгаснат од страна на екипите на противпожарната бригада на Град Скопје.
Скопската пожарна добила пријава за пожарот набрзо по големиот огномет организиран од амбасадата на САД во Скопје по повод прославата за Денот на независноста.
Командантот на пожарната, Владимир Симоновски вели дека пожарот го зафатил делот под тврдината, а дека најверојатно местото се запалило од остатоците од огнометот.