Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски вечерва за МИА изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари
Изгаснат е пожарот што ги зафати напуштените бараки каде беше сместен Судот за прекршоци во Градскиот парк во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.
Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Владимир Симоновски вечерва за МИА изјави дека на терен интервенирале со седум возила и 20 пожарникари.
„Пожарот е завршен. Ставен е под контрола и се работи на негово догасување, на тоа што остана“,
изјави за МИА Симоновски.
Претходно тој изјави дека нема ни жртви ниу повредени, ниту пак некоја голема материјална штета. Оштетен е еден од објектите на „Томче Софка“ (апартман), а среќа во несреќа е што кујната на ресторанот е од другата страна, каде имало и плински боци.
„Во 15 и 50 часот добивме пријава за запалена барака која не е функционална 3-4 години, а е направена од лесно запалливи материјали – шперплочи, ламперија. Нема ни повредени, ни жртви, а нема ни голема материјална штета“,
рече Симоновски.
За причините за пожарот вели дека сега не може да каже сега, но како можни ги наведе бездомниците кои живеат таму или искрења од старата инсталација.
Пожарот избвна што нешто пред 16 часот избувна во бараките каде што порано беше сместен Судот за прекршоци кај Градскиот парк.